Разговарале Перо и Блажо за алкохолот и Перо го прашува Блажо:
Еј Блажо, дали си слушнал дека во пивото се наоѓаат женски хормони?
Блажо: Не сум слушнал.
Перо: Сакаш да провериме?
Ајде, се согласил Блажо.
И така тие испиле на екс 20 -ина пива и резултатот се покажал како точен, навистина во пивото има женски хормони.
Блажо, кај мене се резултатите од експериментот, сега ќе ти ги прочитам за да се увериш:
Добивме на тежина.
Зборувавме 2 саата онака, ништо конкретно.
Лоша концентрација при возењето на автомобил.
Не признаваме дека грешиме, дури и кога е тоа очигледно.
И како шлаг на тортата, на секои пет минути одевме да мочаме…и тоа заедно.