Богат Кумановец оди на пат и му вели на својот слуга дека може да му се јави само ако е многу, многу важно.
Само што стигнал на одреденото место му зазвонува мобилниот.
– Ало, газда ми пукна рачката од лопататa?
– Ало, па ти нормален си?! Стап? За тоа ми се јавуваш.
– Ама газда многу е пукнат.
– Па што си правел?
– Па го закопав вашето куче.
– Молам, па што му се случило на кучето?
– Па падна греда врз него…
– Каква греда?
– Кога шталата ви гореше.
– ШТАЛА ШТО!!!!
– Како мислиш шталата?
– Па кога куќата ви се запали!
– Чекај малку,
– КУЌА!
– Како се запалила куќата?
– Па од свеќата.
– Од каква свеќа?
– А, од свеќата што ја запаливме кога татко ви умре!
– Ја неможам да верувам, ќе добијам инфаркт.
– Па и тој доби инфаркт!!!
Со плачлив глас газдата,
– А како добил инфаркт?
– Па, кога не најде мене и вашата жена заедно во кревет!!!