Еден ден, во прелетување низ шумата гавранот видел парче леб. Вешто го зел и почнал да си размислува:
Не смеам да си дозволам да ме прелаже лисицата како со оној гавранот во басната.
Ако лисицата каже „добар ден гавране“ јас ќе се правам на луд, зашто ако прозборам ќе ми падне лебот.
Така лисицата, која исто така ја читала басната, го здогледала гавранот со парче леб, и се одлучила повторно да се обиде да биде главна во литературата.
Л: Добар ден гавране.
Г: (молчел)
Л: Добар ден гавране!
Г: (молчел)
Л: Гавране, директорот ти се швалерисува со жената!
Г: Штоооо? (и отиде лебот)
Поука:
Молчи кога директорот ќе ти ја легне жената затоа што ќе останеш без леб!