Пет германци во Audi Quattro застанале на граница. Цариникот ги застанува и им вели:
– Илегално е да се возите петорица во Quattro.
– Како тоа мислите илегално?, прашал германецот кој ја вози колата.
– Quattro значи четири, напоменува цариникот.
– Тоа е само името на колата човеку, одговорил германецот не можејќи да поверува што слуша.
– Еве и во документите погледнете, колата е дизајнирана за 5 патници.
– Еј, немој да мислите дека со тоа ќе ви прогледам низ прсти, одговорил цариникот.
– Quattro е само за четворица. Вие сте петорица во автомобилот и го прекршувате законот!
Германецот луто му викнал:
– Ти си идиот! Викни го веднаш твојот претпоставен. Сакам да разговарам со некого кој има повисоко ниво на интелигенција!
– Извинете, но тој нема да може да дојде. Зафатен е со оние двајца италиани во Фиат Уно.