Синот ја прашува мајката:
– Мамо, мамо, зошто на тетка Мица ќерка и се вика Ружа?
– Па, затоа што тетка Мица многу сакала цвеќе!!!
– А, мамо, мамо, ти што си сакала најмногу?
– Море Стојко, ај престани веќе со тие глупави прашања!