За време на посета на психијатриска болница, новинар го прашува директорот на болницата:
– Како точно знаете кој треба да се лечи, а кому му е подобро во болницава?
– Многу едноставно, ќе го ставиме пред када наполнета со вода, ќе му дадеме лажица, чаша и кофа, па ќе му кажеме да ја испразни водата на најбрзиот начин.
– Аха, разбирам – се насмеал новинарот.
– Значи нормалниот ќе почне да вади вода со кофата.
– Не, тој што е нормален ќе ја извади затката од дното на кадата!
Ве молам повелете наваму кон Вашата соба.