Седи мајка со дете мало во автобус.
До нив застанал некој човек.
Како што си се возеле во автобусот, детево му го гризнало прстот од рака на човекот.
Во тој момент мајкава почнала да го мава детето, го треска од автобусот ко ненормална, и на човеков незгодно му паднало па и рекол:
Добро госпоѓо, не е страшно, малце само ме гризна, па мало дете е, нема смисла.
А мајката, изнервирано:
Аааааааааа, прст ваму, прст таму и после дома ручек не ми јаде!!!