Продавницата за кондури

Трпе збори на телефон:
– Ало! Здраво! Со кого зборувам?
– Со продавницата за кондури.
– Извинете сум го згрешил бројот.
– Нема проблем, дојдете ќе ги смениме, само носете си ја и фискалната сметка.