По 50 години брак

Роберт де Ниро:
По 50 години брак, еден ден внимателно ја погледнав мојата сопруга и ѝ реков:

„Пред 50 години имавме мала куќа, стар автомобил, спиевме на каучот и гледавме во малиот црно-бел телевизор. Но, секоја вечер одев во кревет со прекрасна 19-годишна девојка.

Сега имам огромна куќа, скап автомобил, голем кревет во луксузна соба со огромен телевизор, но спијам во кревет со 69-годишна жена! Почнав да се сомневам во мојот брак.“

Мојата жена е многу приземна личност. Не беше навредена, туку ми предложи да си најдам девојка од 19 години, а таа ќе се погрижи повторно да живеам во мала куќа, да спијам на старата софа и да гледам во црно-бел телевизор.

Жените се прекрасни, зарем не? Вистина е дека секоја жена знае совршено да го реши проблемот на својот сопруг!