Бегале партизаните од германците и се скриле кај една баба дома. Дошле германците кај бабата на врата, влегуваат и ја прашуваат:
– Бабоо, кај се партизаните?
– Не знам бе јас, кај ме најдовте мене.
– Бабоо, кажувај кај се партизаните, ќе ти ги исечеме нозете.
– Абе кај ме најдовте мене, јас стара, не гледам убаво, не слушам убаво, не знам кај се партизаните.
И ги исекле нозете на бабата и си отишле. После некое време излегле партизаните, ја гледаат бабата и запрепастени ја прашуваат:
– Бабо бе,што ти се случи?!
– Абе деца мои, лажев за вас, да не ве најдат германците, да не ве убијат.
– Ееееее бабо, бабо, гледааш на лагата и се кратки нозете!