Доаѓа маж на лекар и му вели:
– Докторе, јас имам проблем, но морате да ми ветите дека нема да се смеете!
– Секако дека нема да се смеам! Јас сум професионалец, за повеќе од 20 години колку што работам, не сум се насмеал на пациент!
– Во ред. – вели мажот и ги слекува гаќите.
Докторот ја гледа најмалата „онаа“ работа која воопшто ја видел. И покрај ветувањето, почнува да се смее, од првин тивко, а потоа се погласно, до солзи. По неколку минути успева да се прибере и ги брише солзите.
– Многу ми е жал, се извинува докторот. Не знам што ми стана, но нема да се повтори. Добро, сега кажете ми за што се работи?
Мажот го погледнал докторот и со тажен поглед му рекол:
– Отечен е.