Операција

Доживува жена клиничка смрт и се среќава со Бога во Рајот. Го прашува дали ќе оживее кога било, а Бог одговара:
– За месец дена повторно ќе живееш нормално и ќе имаш долг и среќен живот.
Сета среќна почнува да ги брои деновите до нормалниот живот. Најпосле се буди и веднаш оди кај естетски хирург за во остатокот од животот да биде што поубава. Хирургот и ги израмнува брчките, и прави нов нос, и ги зголемува градите, и го намалува стомакот, и го симнува целулитот…Излегува од болницата жива радосна, ама на пешачки премин ненадејно ја прегазува камион и таа умира. Повторно се среќава со Бога и го прашува:
– Боже, па рече дека остатокот од животот ќе ми биде долг и среќен. Што се случи?!
И вели Бог:
– Се извинувам, ама јас тебе не те препознав!!!