Копале Руските археолози и ископале кабел стар илјада години.
Заклучок:
– Пред 1000 години во Русија имало телефон.

Копале Кинеските археолози и ископале оптички кабел стар три илјади години.
Заклучок:
– Пред 3000 години во Кина постоел интернет.

Слушнале за тоа Македонците и почнале да копаат. Копале, копале и после неколку дневно копање, виделе некое мало дупченце но не успеале да најдат ништо.
Заклучок:
– Уште пред 5000 години во Македонија имало мобилни телефони.