Мало, плаво, металик

Го прашува жената мажот:
– Драги знаеш дека утре ми е роденден?
– Да драга знам.
– Па, ке добијам ли нешто?
– Секако, имаш некоја желба?
– Па би сакала нешто мало, плаво, металик што иде од 0 до 100 за секунда…
Наредниот ден мажот и поклонува кутија на жената а во неа вага.
И таа го прашува:
– Па добро што е ова?
– Драга како што посака мало, плаво, металик иде од 0 до 100 за секунда!