Трпана си доаѓа дома со нови обетки. Трпе ја прашува:
– Од кај ти се?
– Ги добив на лотарија.
После некое време пак:
– Од кај ти се обетките?
– Ти реков ги добив на лотарија.
После 2 недели, Трпана си доаѓа дома со 2 карти за одмор во Шпанија.
Трпе пак ја прашува:
– Од кај ти се картите?
– Ги добив на лотарија.
Во Шпанија Трпе лежи на плажата и и довикува на Трпана која е во водата:
– Трпано, Трпано излези од водата, ќе ти настине лотаријата!