Охрид е еден од најубавите градови на Балканот, овде и природата и воздухот се толку чисти што дури со години никој не умрел – им раскажува туристичкиот водич на групата холандски туристи.
Но само што го кажал тоа, пред нив се појавила погребна поворка:
– А што е ова? – прашал еден турист.
– Умре нашиот гробар – рекол водичот.
– Зошто?
– Како зошто, па човекот умре од глад зашто немаме работа!!!