Дрвосечачот

Еден ден, додека дрвосечачот сечеше гранка од едно дрво над реката, неговата секира падна во водата. Кога заплака, се појави Господ и го запраша зошто плаче. Тој му одговори дека секирата му паднала во водата и дека му е потребна, бидејќи така заработува за живот. Господ слезе во реката и се појави со златна секира.
Господ го праша:
– Ова е твојата секира?
Дрвосечачот одговори:
Не
Господ повторно слезе и се појави со сребрена секира:
Ова е твојата секира?
Дрвосечачот повторно одговори:
Не.
Господ повторно слезе и се појави со дрвена секира.
Ова е твојата секира?
Дрвосечачот одговори:
Да.
Господ беше воодушевен од чесноста на дрвосечачот па му ги даде сите три секири и дрвосечачот среќен си отиде дома. После некое време, дрвосечачот се шеташе со својата жена покрај реката, и жената му падна во реката. Тој заплака, а Господ повторно се појави и го запраша зошто плаче.
Господе, жена ми падна во реката!
Господ слезе долу и се појави со Анџелина Џоли.
Го запраша Господ:
Ова е твојата жена?
Да! – рече дрвосечачот.
Господ се налути:
Ме лажеш! Тоа не е точно!
Дрвосечачот одговори:
Прости ми Господе. Се работи за недоразбирање. Да речев дека не е моја жена, ти ќе се појавеше со Џенифер Лопез. Кога ќе речев дека и таа не е моја жена, ти ќе се појавеше со мојата жена. И кога ќе кажев дека тоа е мојата жена, ти ќе ми ги дадеше сите три.
Господе јас сум сиромашен, и не би можел да се грижам за трите жени, и заради тоа реков дека Анџелина Џоли е мојата жена!