Дрвосечач

Еден ден, додека дрвосечачот сечеше гранка од едно дрво над реката, неговата секира падна во водата… Кога заплака, се појави Господ и го запраша зошто плаче. Тој му одговори дека секирата му паднала во водата и дека му е потребна, бидејќи така заработува за живот.
Господ слезе во реката и се појави со златна секира.
– Ова е твојата секира?
Господ го праша.
Дрвосечачот одговори:
– Не.
Господ повторно слезе и се појави со сребрена секира.
– Ова е твојата секира?
Дрвосечачот повторно одговори:
– Не.
Господ повторно слезе и се појави со дрвена секира.
– Ова е твојата секира?
Дрвосечачот одговори:
– Да.
Господ беше воодушевен од чесноста на дрвосечачот па му ги даде сите три секири и дрвосечачот среќен си отиде дома. После некое време, дрвосечачот се шета со својата жена покрај реката, и жената му паднала во реката. Тој заплакал, а Господ повторно се појавил и го запрашал зошто плаче.
-Господе, жена ми падна во реката!
Господ слезе долу и се појави со Анџелина Џоли.
– Ова е твојата жена?
– Го запраша Господ.
– Да! – рече дрвосечачот.
Господ се налутил
– Ме лажеш! Тоа не е точно!
Дрвосечачот одговорил:
– Прости ми Господе. Се работи за недоразбирање. Да речев дека не е моја жена, ти ќе се појавеше со Џенифер Анистон. Кога ќе речев дека и таа не е моја жена, ти ќе се појавеше со мојата жена. И кога ќе кажев дека тоа е мојата жена, ти ќе ми ги дадеше сите три. Господе јас сум сиромашен, и не би можел да се грижам за трите жени, и заради тоа реков дека Анџелина Џоли е мојата жена!

ПОУКА: Кога и да лажат мажите, тоа е за добро на сите !!!