Брачен пар влегува во фаст фуд ресторан и нарачува еден хамбургер и порција помфрит. Возач на камион со жал го гледал парот како дели оброк и посакал на жената да и купи уште нешто за јадење.
– Не благодарам, одбил сопругот и објаснил дека се си дели со жена си.
По некоја минута возачот повторно и понудил на жената да и купи нешто за јадење затоа што таа не зела ниту едно залче. Сопругот повторно го одбил со зборовите
– Ние сè си делиме.
– А добро зошто тогаш вие ништо не јадете? – ја прашал возачот жената.
– Чекам да ми ја даде вилицата – одговорила жената нервозно?!?