Црви кои живеат во јаболка

Живеел некој мал црв во канализација и врска немал дека некои други живеат поинаку.
Еден ден нашол стар весник, почнал да чита, да чита, па запрепастено го прашал татко му:
– Тато, вистина ли е дека постојат црви кои живеат во јаболка?
– Точно е, сине – одговорил татко му.
– А точно ли е дека некои црви живеат во месо?
– И тоа е точно синко.
– А ги има и во саламите…?
– Ги има, дете мое, ги има…
– Па зошто тогаш ние живееме во овие гомна?
– Зашто, сине мој, ова е нашата ТАТКОВИНА!