Баба во село чувала 200 овци и дошла некоја новинарка да и направи интервју:
Кажи ни бабо како успевате да ги чувате сите 200 овци?
Бабата:
– Па, јас ќерко целиот мој живот го правам тоа, се навикнав.
Новинарка:
– И колку е тешка една овца?
Бабата:
– Црна или бела?
Новинарка:
– Па да речеме бела.
Бабата:
– 30кг.
Новинарка:
– А црна?
Бабата:
– Па исто.
Новинарка:
– Колку млеко дава дава една овца?
Бабата:
– Црна или бела?
Новинарка:
– Па да речеме бела.
Бабата:
– 2 литри.
Новинарка:
– А црна?
Бабата:
– Па исто.
Новинарка:
– Па, колку волна дава една овца?
Бабата:
– Црна или бела?
– Нека биде црна.
– 3 кила
Новинарка:
– А Бела?
Бабата:
– Па исто.
Прснала од нервоза новинарката вика бабава ме вози!!!
Новинарка:
– Па добро бабо која е разликата помеѓу црните и белите овци?
Бабата:
– Па белите се мои.
Новинарка:
– А црните
Бабата:
– Па и тие исто исто.