Чистачката е крива

Во одделот за интензивна во Скопје секоја недела точно во 11 часот умираат пациентите во истата соба и кревет, без оглед на нивната состојба. Лекарите стануваат многу загрижени поради тоа што не можат да ја утврдат причината за смртта на пациентите.
Некои дури претпоставуваат дека се појавува некоја натприродна сила во тоа време. Еден ден, одлучиле да се соберат во неделата во 11 часот и конечно да дознаат што се случува . Некои од нив дошле со дрвени крстови, бели лукови, со цел да се заштитат од злото.
Кога часовникот означи 11 часот, влегува чистачката во собата, го исклучува системот кој го одржува пациентот во живот, и ја вклучува правосмукалката…