Итар Пејо сонувал многу пари и бројот 6.
Сабајлето станал во 6 часот и 6 минути, повикал такси со регистрација 666 му платил 66 денари.
Отишол на хиподром на каса број 6 и на коњот број 6 ставил 66.666 денари.
– И?
– И коњот со број 6 завршил 6-ти.