Мало девојче забележувајќи неколку бели влакна во смеѓата коса од мајка си, прашала:
– Мамо, зошто имаш бели влакна на главата?
– Ќерко, секогаш кога ќе направите некоја беља во куќата или ќе ме изнервирате, по едно влакно од косата ми станува бело – одговорила мајката.
Девојчето размислило малку па повторно прашало:
– А зошто тогаш на тато целата коса му е бела?