Се качува баба во автобус и му вика на возачот:
– Синко, кога ќе стасаме во Велес да ми кажиш те молам.
– Добро. Се возат час и половина и возачот го поминал Велес, заборавил да и каже на бабата, а таа го прашува:
– Уште колку има синко до Велес?
Шоферот:
– Мајко уште малку?
Незнаејки што да прави го свртел автобусот и назад кон Велес. Кога после 1 час возење возачот:
– Еве бабо ајде, стасавме во Велес.
Бабата:
– А добро сине фала што ми кажа, ќерка ми ми рече кога ќе стасам во Велес да се напијам апче.