1 милион евра

Влегува господин во неговиот омилен ресторант и седнува на неговата омилена маса. После мало разгледување забележува млада убава жена како седи сама. Го повикува келнерот и му вели да и однесе на младата дама шише од најубавото и најскапото вино. Господинот е уверен дека ако го прифати виното го очекува долга и возбудлива ноќ.
Келнерот го носи виното и и вели:

  • Ова вино е од господинот што седи на онаа маса.

Жената ладно го гледа шишето и одлучува да му испрати порака на господинот. Зема парче хартија и му ја дава на келнерот.
На хартијата пишува:

  • За да го прифатам виното кое многу љубезно Ми го понудивте, морате во гаражата да имате Мерцедес, 1 милион евра во банка а во гаѓите да имате 20 сантиметри!

Господинот ја чита пораката и одговара на истиот начин:

  • За да ја исполнам вашата желба би можел да ги продадам Ферарито и Ламборџинито па дури и мојот Ролс-Ројс, за во гаражата да ми остане само Мерцедес SLR. Би можел да инвестирам, па дури и да ги поклонам 20-те милиони евра што ги имам во банката, но за ништо ама за ништо на светот па дури ни за убава дама како што сте вие не би отсекол 5 см од тоа што го имам во гаќите!

П.С.

  • Затоа бидете љубезни и вратете ми го виното!