– Зошто зборот „скратено“ е толку долг?
– Зошто за да го изгасиме компјутерот мора прво да кликнеме на Start?
– Зошто луѓето нарачуваат двоен чизбургер, голема порција помфрит и light Coca Cola (диетална)?
– Зошто не постои храна за мачки со вкус на глушец?
– Зошто сокот од лимон се прави од вештачки додатоци, а детергентот за садови со мирис на лимон се прави од вистински лимони?
– Зошто секогаш посилно притискаме на копчињата на далечинското кога батериите се скоро празни?
– Зошто ги переме крпите кои сме ги користеле после бањање?
– Зошто пилотите- камикази носат кацига?
– Како таблите со натпис „забрането газење на тревата“ достигнале до средината на тревникот?
– Зошто „одвоени“ се пишува споено, а „сите заедно“ одвоено?
– Ако сакам да си купам нов бумеранг, како да го отфрлам стариот?
– Зошто продавниците кои се отворени 24 часа на ден имаат брави и катанци?
– Зошто кога возиме и бараме одредено место го намалуваме звукот на радиото?
– Зошто секогаш тој што вози побавно од нас е идиот, а тој што вози побрзо од нас е манијак?
– Зошто кога ќе се наводениш, алиштата стануваат потемни и покрај фактот дека водата е светла и бистра?
– Како е машки род од буба мара?
– Кога прво го измислиле часовникот, како знаеле на колку часот да го наместат?
– Зошто се прават авотмобили кои се движат побрзо од законски дозволената граница?
– Зошто постои миризлива тоалетна хартија?
– Ако денеска времето надвор е 0 степени, а метеоролозите велат дека утре ќе биде дупло поладно, тогаш колку степени ќе биде утре?
– Ако вегетаријанците толку многу се секираат за животните, зошто тогаш им ја јадат храната?
– Зошто редот во којшто чекаш ти, секогаш се движи поспоро?
– Ако на масата има трошка и ја пресечете на два дела, дали ќе имате две трошки или две половини од трошка?
– Зошто велигденскиот зајак лежи јајца ? Зајците лежат јајца???
– Дали зебрите се бели со црни линии или црни со бели линии?
– Можеш ли да плачеш под вода?
– Зошто луѓето викаат ,,спиев како бебе” кога бебињата се будат 10 пати на саат?
– Ако сме настанале од мајмуни, зошто мајмуните се уште живи?
– Дали поштарот сам си ги носи писмата?
