Поздрав до сестра ми која е инвалид со песната “Стани моме да заиграш” (Народна песна).
Поздрав до дедо ми кој инаку е глув со песната “Слушам кај шумат шумите” (Народна песна).
Поздрав до комшијата и неговиот новороден син со песната “Сине мој” (Мухарем Сербезовски).
Поздрав до сите пожарникари со песната “Запаличу пола града” (Драган Којич Кеба).
Поздрав до мојот сосед кој има 70 години и е неженет со песната “Кад права љубов закасни” (Саша Матич).
Ги поздравувам свекор ми и свекрва ми кои се дојдени кај мене на вечера со песната “Од каде дојдовте да не дојдевте” (Орце Стевковски Царот).
Ја поздравувам мојата золва од Австралија која сега иди со авион наваму со песната “Црна се чума зададе” (Народна песна).
Ги поздравувам сите слепи со песната “Ако ме погледнеш во очи” ( Тоше Проески).

Поврзани вицови