Вдовица правела колач за да му носи на маж и на гробишта.
Одејќи кон гробиштата колачот и паднал.
Кога жената стигнала на гробот на мажот почнала да плаче:
Убав беше Иванее!
Од другата страна попот ја слушнал како плаче и почнал да ја теши:
Не плачи ќерко ќе си најдеш поубав.
Жената уште посилно заплакала и вели:
Сладок бешее Иванеее!
Попот повторно ја теши:
Не плачи ќерко ќе си најдеш друг.
Жената повторно заплака и вели:
Со три јајца беше Иванеееееее!
Попот се подзамислил и и рекол:
А таков нема шанси да најдеш!