Мајк Тајсон влегува во рингот.
Против него требало да се бори некој силен боксер, но во последен момент се откажал.
За да не пропадне шоуто почнале да прашуваат дали има некој доброволец да се пријави и дека ќе заработи многу пари.
Се пријавил еден Македонец земјоделец.
Влегол во рингот и судијата му рекол:
– Ако издржиш една рунда ќе добиеш 500.000 долари.
Земјоделецот се согласил, Мајк Tајсон мавал, но овој издржал до крај на рундата.
Потоа му рекле:
– Ако ја издржиш и втората рунда ќе добиеш милион долари.
Ја издржал и втората, а потоа му понудиле:
– Ако ја издржиш и третата рунда ќе добиеш 3 милиони долари.
На тоа Македонецот одговорил:
– Не можам батка да издржам повеќе, сега ќе одам забите ќе му ги скршам.