Ќе почекам, никаде не брзам!

Една жена продавала јајца на пазар. Ги продавала по цена од 10 денари по јајце, а сите останати жени по 5 денари.
– Аман мори женска главо, како мислиш да ги продадеш по 10 денари кога сите ние ги продаваме по 5 денари. Ништо нема да продадеш!
– Ако, ќе почекам, никаде не брзам! – одговорила.
Негде приквечерта, пред затворање на пазарот и приоѓа еден отмен господин и и вели дека под итно му требаат 100 јајца цената воопшто не е битна.
– Жената му кажала дека има, а тој ја замолил да му ги донесе јајцата дома.
– Ќе ги донесам, никаде не брзам! – одговорила.
Ги однела јајцата кај господинот, а тој ја прашал дали сака да влезе.
– Ќе влезам, никаде не брзам!
Господинот и понудил да вечераат:
– Може, не брзам никаде!
После вечерата и понудил пијалак
– Може, никаде не брзам!
После сето тоа имале и с*кс.
– Како беше? Прашал господинот.
– Беше одлично! Утре кога на сите жени на пазар ќе им кажам дека дека ги продадов сите јајца по цена од 10 денари, дека вечерав, пиев и имав секс 3 пати, сите ќе ми завидуваат! – одговорила гордо.
– Ама госпоѓо, ние само еднаш имавме секс! – рекол господинот
– Ќе почекам, не брзам никаде!