Афера

Оженет маж имал афера со неговата секретарка. Еден ден отишле во нејзиниот стан и воделе љубов цело попладне. Исцрпени, заспале и се разбудиле дури во 8 часот вечерта.
Мажот брзо се облекол и ја замолил својата љубовница да ги изнесе неговите чевлите и да ги замачка од травата. После тоа, ги облекол чевлите и си заминал дома.
– Каде беше цел ден?- на вратата го пречекала неговата жена.
– Не можам да те лажам! – рекол мажот.
– Имам афера со мојата секретарка и водевме љубов цело попладне.
Тогаш таа погледнала во неговите чевли и му рекла:
– Лажго еден! Пак ли играше покер цел ден.