Ги водат децата на посета на зоолошка градина. Запираат пред слоновите и ги прашуваат:
– Деца, кое е ова животно?
– Слон, слон, слон – одговараат сите.
– Како го препознавте?
– Сурлата и ушите му се големи.
Запираат пред жирафата.
– Деца, кое е ова животно?
– Жирафа, жирафа, жирафа.
– Како го препознавте?
– По долгите нозе и долгиот врат.
Стигнуваат кај мајмунот.
– Деца, кое е ова животно?
– Тоа е Фејсбук зависник.
– Зошто мислите така?
– Има мозолчиња од седење на задникот и очите му се црвени.