Решиле лисицата, волкот и магарето да отворат фирма.
Лисицата рекла:
– Јас сум итра, ќе отидам во општината и веднаш ќе добијам дозвола.
По половина час ете ти ја лисицата со подвиткана опашка, бидејќи не ја завршила работата.
Волкот на тоа:
– Јас ќе одам во општината, луѓето се плашат од мене, па ќе ми дадат дозвола.
По два часа се вратил, се разбира, без дозволата.
На ред дошло магарето:
– Ајде јас да се обидам и по еден час, целото среќно се вратило кај ортаците:
– Дечки, имаме работна дозвола !!!
– Но како ???
– Па така фино – отидов во општината, тропнав на вратата, кога таму сите мои школски другари !!!
