Отишол наш политичар кај деловен партнер Грк, а овој живее во голем луксуз.
Нашиот политичар:
– Како си успеал да го стекнеш сето ова?
Гркот:
– Го гледаш оној мост таму?
Нашиот политичар:
-Го гледам.
Гркот:
– Тој мост требаше да биде широк 55 метри. Јас го направив широк 50 и со парите за тие 5 метри е купено сето ова.
Гркот следната година доаѓа кај нашиот политичар, а тој во три пати поголем луксуз од него.
Гркот:
– Како си успеал за само една година да го стекнеш сето ова?!
Нашиот политичар:
-Го гледаш оној мост таму?
Гркот:
– Не бе, кој мост не гледам ништо.
Нашиот политичар:
– Еееееее .