Македонски пратеник

Македонски пратеник го удира камион и трагично загинува. Неговата душа пристигнува во рајот кадешто е пречекана од Св.Петар.
– Добредојде во рајот, му вика Св.Петар.
– Пред да се сместиш, изгледа дека имаме проблем. Ние тука имаме процедура кога ни доаѓа некој големец како тебе, така да мора да бидеме многу официјални со вас политичарите, и затоа сега не сме сигурни што да правиме со тебе.
– Нема проблем, само пушти ме внатре, му вика политичаров.
– Па, јас би сакал, но имам наредби од горе. Она што сега ќе го направиме е следново, ќе те пратиме да поминеш еден ден во пеколот и еден ден во рајот, па после тоа можеш да се одлучеш каде сакаш да ја поминеш вечноста.
– Но, навистина. Јас веќе се одлучив сакам да одам во рајот – вели парламентарецот.
– Жал ми е, но ние тука си имаме наши правила.
И после ова Св.Петар го испраќа до лифт и парламентарецот оди доле, доле, доле во пеколот. Се отвараат вратите од лифтот и тој се наоѓа на средина од зелен голф терен. Во далечината се гледа клубот за голф играчите и пред неа се застанати сите негови стари пријатели и други политичари кои работеле за него.
Сите се многу среќни и во нивната најдобра облека. Се затрчуваат на кај него за да се поздрават, и се потсетуваат на старите добри времиња кога се богателе на сметка на другите луѓе.
Играат една пријателска игра во голф, и вечераат во ресторанот, со кавијар и шампањ.
Истотака, присутен тука е и ѓаволот, кој е многу пријателски тип, и се забавува играјќи со нив и кажувајќи шеги цело време. Сите заедно поминуваат толку добро време, што пред да осети, веќе е време да оди.
Сите го испраќаат со жално срце, и му мавтаат додека лифтот се искачува нагоре.
Лифтот оди нагоре, нагоре, нагоре до рајот каде Св.Петар го очекува и му вели:
– Сега е време да се посети рајот.
И така 24 часа поминуваат со парламентарецот кој е во друштво на други добри души, скокајќи од облак на облак, свирејќи на харфа и пеејќи. И овде има супер дружба и пред да свати веќе 24 часа поминале и Св. Петар се враќа и му вели:
– Ете така. Помина по еден ден и во рајот и во пеколот. Сега одбери каде сакаш да ја поминеш вечноста.
Парламентарецот се замислува една минута и вели:
– Па, порано не би ни помислил на ова, мислам, рајот беше супер немојте да ме разберете грешно, но сепак мислам дека пеколот ќе биде подобар за мене.
И така Св. Петар го испраќа до лифтот и тој оди надоле, надоле до пеколот.
Сега вратите се отвараат и тој се наоѓа на сред јалова земја прекриена со измет и ѓубре.
Ги гледа сите свои пријатели, облечени во наметки, како го собираат ѓубрето додека уште ѓубре паѓа одозгора.
Ѓаволот доаѓа над него и ја става раката над неговото рамо.
– Не разбирам! – извикува парламентарецот.
– Вчера бев овде и се беше прекрасно, со голф терен, шампањ, кавијар, играње и си поминавме прекрасно време.
– Сега има само земја, отпад, полна ѓубре и сите мои пријатели изгледаат мизаерно. Што се случи?
Ѓаволот го погледнува, се насмевнува и му вели:
– Вчера пријателе имавме кампања…
– А денес? Ти гласаше!