Да живее Владата

Еден селанец фатил риба во реката и ја однел на жена му да ја зготви.
– Ете ти една риба да ја испржиш!
– Немаме зејтин.
– Тогаш со свинска маст.
– И маст немаме, на „пишанка“ одамна не ни даваат во продавницата.
– Добре де, ајде свари ја!
– И вода немаме, претпладне ни ја исклучија оти не сме ја платиле од лани.
Селанецот се изнервирал, отишол до реката и ја фрлил рибата во водата.
А рибата изпливала на површината и почнала да вика:
– Да живее Владата!
– Да живее Владата!