Штурецот летото го мина, свирејќи на виолина, и беше доста изненаден, кога дувна ветер ладен.
Полето пусто, ни трошичка од црвче или од мушичка!
И отиде со раце голи кај Мравката да ја моли за една шепа зрна златни, да ги мине дните гладни, до идната плодна жетва.
– Сосетке, ти давам клетва за работа ќе се фатам, со камата ќе ти вратам!
Но Мравката не дава заем тоа е нејзин порок знаен.
– Што си правел среде лето?
Го праша Штурчето клето.
– На секој гостин, стар и млад, му свирев мили песни јас.
– Си свирел, значи секој час?
– Па сега танцувај во глад!
