Второ мислење

Мажот, лекар се кара со својата жена, домаќинка за време на појадокот, бесен бега од масата и вели:
– И да знаеш, воопшто не си добра во кревет!
На работа сваќа дека претерал и дека треба да се извини, па одлучил да и се јави. Го бира бројот, а телефонот ѕвони и ѕвони…
После долго време се јавува жената.
Мажот повторно лут:
– Што мори ти требаше толку за да се јавиш?
– Бев во креветот – она одговара.
– Што бараш во кревет во оваа доба од денот, мори глупачо една?!?! – бесно прашува.
– Па побарав второ мислење.