Пред да дојдеш од службеното патување, морам да те информирам за мала несреќа што имав со пик-апот на влезот во гаражата. За среќа, не е ништо страшно не сум повредена, затоа те молам немој да се грижиш за мене. Се враќав од шопинг дома и на влезот во гаражата случајно, наместо кочница стиснав гас. Гаражната врата е малку свиткана, а пик-апот, за среќа, застана кога удри во твојата кола.

Многу ми е жал за ова што се случи, но знам дека ти имаш нежно срце, и знам дека ќе ми простиш.
Знаеш колку те сакам и колку се грижам за тебе, љубов моја.
Еве ти праќам слика на штетата што ја направив.

Не можам да дочекам да те прегрнам повторно.

Со љубов твојата сакана.

П.С. Се јави твојата љубовница.