Млада жена турка количка со бебе.
Се среќава со една стара пријателка и започнуваат разговор.
Пријателката:
– Леле, колку време не сме се виделе, баш ми е мило што те гледам.
– Аууу, па и бебенце имаш!
– Леле колку е слатко, ама исто е како маж ти, и очи и уста, нос, исти Трпе само смален.
Жената замислено ѝ одговара:
– Сигурна ли си?
– Ова е бебето на комшивката што живее над нас.