На некој стар свештеник му здодеало да му се исповедаат за прељуба, па им рекол на своите верници:
– Отсега кога ќе извршите прељуба ќе ми кажете дека сте паднале.
Некое време така и било, но стариот свештеник умрел. На негово место дошол млад свештеник. По два месеци младиот свештеник оди кај градоначалникот и му се жали:
– Вие, господине градоначалник, мора да ги поправите улиците во градот, секој ден по 3-4 верници доаѓаат и ми се жалат дека паднале.
Градоначалникот, сфаќајќи дека свештеникот не знае за договорот со прељубата слатко се насмеал. Свештеникот изнервиран од смеењето му одговорил:
– Само ти смеј се, ама жена ти веќе 4 пати паѓа овој месец…