Мажи

.

Умираат сите луѓе на Земјата, се појавува Господ и вели:
– Сакам мажите да се наредат во две групи. Едната со мажи кои се главни во бракот, а другата со оние кои им се подредени на жените.
Групата на подредени мажи станува долга со километри, а во онаа со глави на семејствата застанува само еден.
Господ вели:
– Вие подредените да се срамите!
– Ве создадов да бидете глави на семејствата.
– Начисто ме разочаравте.
– Од сите само еден ги исполнил моите очекувања.
– Учете од него!…
– Кажи ми, синко, како ти успеа да бидеш единствен и за пример?
Мажот одговара:
– Господе, мене жена ми ми рече тука да застанам и да не мрдам.