Има четири нозе

Блажо:
– Слушај Маро, ај да ти кажам една гатанка, ако ја погодиш ќе водиме љубов, а ако не погодиш ќе спиеме.
Мара:
– Ајде важи.
Блажо:
– Што е тоа црно е, има четири нозе и опашка. Лови глувци и врапчиња, мјаука и пие млеко?
Мара:
– Тоа е крокодил!
Блажо:
– Браво Марооо, го погоди од прва!