Финале на светско првенство

Финале на светско првенство во фудбал. Целиот стадион распродаден уште пред 5 месеци, а Трпе седи до празно место. Приоѓа некој и со чудење го прашува Трпе.
– Абе, дечки кој будала не дошол да го гледа финалево?
– Тука требаше да седи жена ми, ама бог да ја прости умре, и така…
– Па не можеше да ја дадеш картата на некој роднина или пријател?
– Не бе, сите се на погреб!