Тоалетна

Влегува пијаница во кабина за исповедање во католичка црква, седнува и молчи. Молчи тој така неколку минути, па свештеникот поткашлува да го потсети дека треба да почне со исповедање.
Пијаницата уште молчи.
Поминува уште една минута и свештеникот веќе изнервиран тропнува по ѕидот неколку пати.
Од другата страна го слуша пијаницата:
– Џабе тропаш, нема ни кај мене тоалетна.