Фудбалски клуб Слога

Две госпоѓи во најдобри години решиле да излезат навечер сами без мажите. Вечерале се напиле и дошло време да си одат дома.
Попат им се примочкало арно ама за да не им светкаат белите газиња во градската темнина решиле да скршнат во гробиштата покрај кои минувале и таму да ги извршат природните обврски.
Нормално немале тоалет хартија, и првата се забришала со своите гаќи и ги фрлила, а втората и било жал за гаќите па откинала парче од венец и завршила работа.
Утредента двајцата мажи си се пожалиле меѓусебно:
– Абе знаеш жена ми синоќа се врати дома пијана и без гаќи? – рекол првиот
– Еј, не е тоа ништо, мојата исто се врати дома камен пијана со гаќи ама од газот и штрчеше лента на која пишуваше:
“…. Никогаш нема да те заборавиме, Перо, Миле и фудбалски клуб Слога”!!!