– Што има брате? Од кај си?
– Од Македонија!
– Е? Супер, и јас сум од Македонија. Да мавнеме по една за Македонија?
И пијат една тура заедно. Првиов пак прашува:
– А, од каде од Македонија?
– Од Охрид.
– Уф, од Охрид! Браво друже и јас сум од Охрид! Дај да мавнеме уште по една тура за Охрид!!
– Како се викаат мајка ти и татко ти?
– Трајан и Гордана!
– Аман бе, и моите така се викаат, ај да мавнеме уште по една за нив!
Се напиле уште една тура кога првиов пак:
– А, во кое школо си учел средно?
– Па, матурирав тука одма кога ќе излезеш, лево.
– Леле, и јас! Дај уште по една чашка!
И така пијат уште две тури, кога во кафаната влегол некој редовен гостин, кој го прашува келнерот:
– Па, што има денес?
Келнерот му одговара:
– Ништо друже, близнациве пак се дрва пијани!